Работилници за развој на наставна програма

Претставнички на УНИ-ФОРМ земаа активно учество на неколку работилници за развој на наставна програма за микро-квалификација за управување и надзор на безбедносниот сектор во организација на ДЦАФ и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (УГД), којашто треба да биде акредитирана како дел од редовните специјализирани професионални програми на УГД Штип. Третата и последна работилница за развој на наставната програма се одржа од 29 до 30 септември 2025 година во Штип со цел да се финализира, пречисити и потврди предложената академска програма со инкорпорирање на перспективите на претставниците на граѓанското општество и медиумите.

Scroll to Top