Денеска во организација на Женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор DCAF и УНИ-ФОРМ вo Europe House Skopje се одржа панел дискусија насловена ,,Родовите перспективи на одбраната“ на која учествуваа Билјана Стевкова, координаторка за еднакви можности на жените и мажите во Министерство за одбрана / Defence MKD и полковник Антониела Станковска Будимир, координаторка на вториот Национален акциски план за имплементација на ОН Резолуцијта 1325-Жени, мир и безбедност.
Правичната и родова застапеност и создавањето на еднакви услови за развој во кариерата на жените и мажите е препознатлива политика и еден од стратешките приоритети во Министерството за одбрана и во македонската армија.
Министерството за одбрана е лидер во спроведувањето на политиките во областа на родовата еднаквост и родовата перспектива. Продолжуваме со трендот на зголемување на бројот на жените во Армијата и поставување на жени на лидерски, високи командни и раководни позиции, како и со подобрување на работните услови и можностите за кариерен развој.






